По една недела голгота и ден по објавата на видеото, Ана од Кавадарци вечерва конечно ќе заспие. Девојката, која ја крена јавноста на нозе, веќе цела недела поминува хорор поради објавата на нејзината фотографија со недолична содржина во „Jавна соба“. Ана вели дека тоа што го поминува не го посакува на никој, иако знае дека како неа има многу и од утре ќе одговори на поканите на Здруженијата за заштита од сексуално насилство. Како пшто вели, деновиве најверојатно ќе се организира мирен марш, на кој таа јавно ќе говори и ќе ги повика сите жртви да не се плашат, туку јавно да прозборат, „па ако може сите заедно да направиме едно опшество со среќни луге“. Ана за ММС го раскажа денов кој измина, во кој можеше да се прочита поддршка, но и негативни коментари како што е осуда од типот: – „Сама си го барала“!.
-Многу ми е драго и што ми се јавуваат луге од различни Здруженија, правни лица, луѓе со поддршка. Јас сум уште во шок и сакам да се информирам што точно се случува. Не можев денес се’ да следам, имав многу обврски. Многу луѓе се обидоа да стапат во контакт со мене, над 600 пораки имам на Инстаграм и немав време да ги отворам. Навистина имав многу повици од непознати броеви, но јас не одговравам на повиците. Утре ќе отворам меил адреса за да ме контактираат лугето што сакаат да помогнат во оваа ситуација и што сакаат сериозно да се зафатат со овој проблем. Она што успеав да слушнам од медиумите е дека ја затвориле групата „Јавна соба“ и дека привеле четворица. Знам дека тоа нема да се реши преку ноќ, преку затворање на „Јавна соба“ и со приведување на овие четворица. За жал, таму не беа само тие четворица. Но, она што најмногу мене ме разочара е кога ми рекоа дека не постои закон за ваква заштита на полнолетни лица.
Се сомневаш ли на некого?
-Не. Реално посветена сум на мојот живот, кариера и моите блиски. Со луѓе кои немам никакви заеднички теми, не комуницирам. Но, не треба некој да ти е јавно непријател за да ти наштети. Можеби го направиле за забава, можеби да се покажат пред другите. Моите последни објави на Инстаграм се слики од хотели и не беше тешко да направат приказна дека сакам некој да ме носи во хотели.
Како реагираше кога прв пат виде што се случува, кога ја доби првата порака?
-Бев дома. Сите видоа дека јас пред една недела се преселив во нов стан и дојдоа другар и другарка, не викав гости затоа што ги почитуваме протоколите, да не се собираме. Почнав да добивам пораки и реков некоја грешка е ова. После кога почнаа повиците на сите мрежи сфатив дека е сосема нешто друго. Бидејки беше многу доцна, го исклучив звонењето на телефонот и си легнав. Кога станав утрото, телефонот ми беше преполн со пораки. Кога стигнав на работа, на Инстаграм во порака ја добив сликата која се споделувала. Беше некој непознат профил, кој кога ми ја прати сликата веднаш ме блокираше. Тогаш сфатив што се случува, дека не е грешка, туку нешто многу сериозно. Не знаев што е “Јавна соба“, не знаев што се случува. Не користам профил на мрежата Телеграм. Минатата година знам дека имаше таква афера со малолетни девојки и немав време толку да обрнам внимание. Сфатив дека ова може да му се случува на секој, не само на мене. Во некои од пораките што ги видов, има девојки на кои истото им се случувало, па биле заплашувани. Имам и пораки од семејни жени, на кои им се случувало ова, ама им било срам да кажат. Јас нив нема на никого да ги кажам, нивно право е ако сакат јавно да проговорат.
Која всушност е Ана?
View this post on Instagram
-Јас сум нормална девојка од Кавадорци, која се пресели во Скопје. Имам мајка, татко и брат, кои се моето најголемо богатство. Имам безусловна поддршка од нив. Имам дечко од Битола, со кој имаме прекрасна врска, здрав однос. Дечко ми исто така прво се испаничи, немаше поим и тој за „Јавна соба“. Во тој момент не бевме заедно, јас бев во Скопје, тој во Битола. Како и на мене и нему не му беше сеедно. Беше и тој повреден исто колку и јас. Јас размислив и сфатив дека е најдобро да пријавам во полиција, па откако пријавив, потоа кажав на него, па на моите, па на другарките. Во четвртокот почнав да ги добивам пораките, во петок пријавив во МВР и во саботата отидов кај дечко ми. Потоа кажав на моите и дури во среда сабајле решив да го објавам видеото. Го снимив и го прикачив на Инстаграм, но не мислев дека ќе има 360.000 прегледи и дека ќе стаса до секаде, до новинари, до цела држава. Навистина ми е драго што добив толку голема поддршка од луѓе што се згрозиле од тоа.
Како рагираш на негативните коментари, особено од жени кои се мајки?
-Јас не стигнав да ги прочитам сите коментари. Повеќето, што ми ги препраќаа, се позитивни. Но, не сум изненадена од таквите коментари. Ако не постоеја таквите луге, немаше да го има видеото, немаше да ја има „Јавна соба“. Тие не сфаќаат дека проблемот не е во сликата со купаќи, тоа се луѓе кои си го сакаат своето тело. Проблемот е како останатите гледаат на тоа што другите го прават. Јас сум израсната во семејство, сум воспитувана од родители, имам сериозна љубовна врска, но сум слободна девојка и мојата слобода не би ја дала за ништо на свет. Сум се борела против сите кои сакаат да ми наметнат свое мислење. Ако сите се почитуваме никој нема да биде повреден. Ама тие што плукаат, навредуваат, прават вакви групи, ете тие се тие кои наштетуваат. Тоа сите треба да го разбереме. За да биде ова опшество среќно. Овде живеат многу несреќни луге, живеат за тоа што ќе каже опшеството. Глумат. Ако глумиме, ќе си останемем несреќни и затворени во себе и ќе глумиме дека ќе живееме по правила и прописи на опшеството.
Што мислиш за тоа што велат- Се сликала во купаки, сама си го барала?
View this post on Instagram
-Сама си го барала!? Ниедна девојка сама не бара. Никој не сака да биде оцрнет. Живееме во современо опшество и ако некоја девојка нешто сака, сама ќе си го земе. Нема потреба од слики во купаќи. Сакам фотографии. Фотографиите за мене се уметност и сметам дека нема ништо лошо во тоа. Ова само покажува тие какви се. Ако некој објави слика и ако јас мислам лошо, тоа е до мене, не до тие што се сликале.
Колку ова психички те вознемири?
-Речиси цела недела не сум склопила око, синоќа се напив таблетка на природна база, но не ме смири, сум преспала само два часа. Синоќа ја испив првата таблетка, но не можев да заспијам. Се надевам дека вечерва ќе заспијам како треба.
Што ти велат на улица? Те пропознаваат ли?
-За чудо и покрај маската, да. Многу луѓе кај што работам, дојда да ми честитаат, во маркет кога влегов ме препознаа, ми дадоа поддршка, а некои, бидејки шетаме со маски, се прашуваа меѓу себе дали сум јас. Досега никој во лице не ми кажал лош коментар.
Ти се закануваа ли?
-Јас дирекно немам закана, можеби од броевите кои ми вртеа ќе имало, но ми споделија луѓе од социјалните мрежи каде имало коментари од типот- „каде сум живеела, да ме нашле“. Моите се исплашени, нормално, не знам кого ќе сретнам на улица. Ама јас никому не згрешив, никого не навредив, јас само ја кажав мојата вистина, а тоа не е само моја вистина, туку и на многу други девојки.
Што ќе правиш понатаму, кога веќе ја имаш целата поддршка?
-Засега ништо немам направено, моето единствено обраќање беше до МВР, никаде на друго место. Јас се разочарав од односот на МВР и не сакав да се обратам на никој друг, зашто мислев дека се’ ми е џабе. А и да тужев – кого да тужам?! Кај мене и кај тие девојки е веќе објавено и не може да се врати назад, но, ако успееме да направиме ова да не се повторува ќе бидам најсреќна. Сакам да издејствувам, со поддршка од сите вас, да се разбудат граѓаните, државата, институциите и законот. Тогаш ќе бидам најсрекна. Утре имам средба со Здружение за сексуално насилство, па и уште неколку институции. Имам понуда да организираме мирен марш, каде јас треба да одржам говор. Секако ќе прифатам и да видиме кој ќе биде напредокот од сето ова, дали нешто ќе се промени. Ќе се сретнам со некои девојки на кои им се случило истото за да може да кренеме глас, никој да не се плаши, да не се срами.