Воспоставен контакт со членовите на посадата на турскиот брод грабнат близу Нигерија – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 11:02 PM

Воспоставен контакт со членовите на посадата на турскиот брод грабнат близу Нигерија

Истанбулската компанија „Боден шипинг“ соопшти дека е воспоставен контакт со посадата на товарниот брод грабнат пред Гвинејскиот Залив во близина на Нигерија, јавува Анадолија (АА).

Во соопштението на компанијата „Боден шипинг“, во чие сопствеништво е бродот „Моцарт“, се истакнува дека е воспоставен контакт со членовите на екипажот киднапирани во близина на Нигерија на 23 јануари.

„Сите 15 члена на екипажот се во добра здравствена состојба. Не се здобиле со никакви повреди, сите се заедно. Наш приоритет е да обезбедиме ослободување на нашите колеги што е можно поскоро. Во постојан контакт сме со семејствата на киднапираните членови на екипажот“, се наведува во соопштението.

Од „Боден шипинг“ кажаа дека нема да има дополнителни информации, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на членовите на екипажот и на нивните семејства.

Товарниот брод „Моцарт“ под знамето на Либерија се закотви во неделата во 11 часот во габонскиот Порт Жентил.

Во пиратскиот напад во саботата, од 19 или 20 члена на екипажот, 15 беа киднапирани, а тројца останаа со пиратите; сите се наводно турски државјани. Еден член на екипажот, азербејџански државјанин, е убиен.

Телото на азербејџанскиот член на екипажот убиен за време на инцидентот, е пренесено во Азербејџан со авион на „Туркиш ерлајнс“.