Време: Утре променливо, вечерта со дожд, променливо облачно со повремени врнежи и во следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 9:48 PM

Време: Утре променливо, вечерта со дожд, променливо облачно со повремени врнежи и во следните денови

Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови, прогнозира УХМР за утре. Утринските температури секаде ќе бидат негативни, а највисоката дневна се очекува да достигне до 11 степени. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

В сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.