Во Германија во 2020 година драстично е намалена потрошувачката на пиво, која е сведена на таа од крајот на 1950-тите години.
Потрошувачката по глава на жител во 2019 година била 92 литра, а лани еден Германец просечно пиел „само“ по 88 литри, соопшти Сојузот на германските пиварници.
Главна причина за намалувањето на потрошувачката на омилениот германски пијалак е затворањето на рестораните и баровите поради пандемијата. Последен пат толку малку пиво било испиено во 1958 година.
„Ситуацијата е драмтична“, изјавија од Сојузот за „Франкфурттер алгемајне цајтунг“, пренесува РТВ.