На седум години од усвојувањето на Законот за новата територијална поделба на Албанија, со која не се согласуваше македонската заедница, македонското друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно го актуелизираа прашањето за формирање две нови општини Голо Брдо и Гора, населени главно со Македонци.
– И по седум години од новата организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За илустрација само за еден документ се патува два и повеќе часа часа, до Булќиза каде припаѓаат поранешните општини Острени и Требиште, односно до Либражд каде територијално припаѓа поранешна општина Стеблево. Поранешните општини Шиштевац и Запот пак во областа Гора сега припаѓаат кон општина Кукс, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Додава дека и едната и другата област се најнеразвени и со тоа и најсиромашни, поврзаноста е главно со лошата патна инфраструктура, зашто повеќето од патиштата се уште се макадам, нема никакви можности за вработување, а и земјоделските и сточарските прозводи тешко ги пласираат на пазарот.
-Во контнинуитет бараме Владата во Тирана да предложи измени во законот со формирање на две опшини – општина Голо Брдо и општина Гора, бидејќи со нивното формирање ќе се олесни животот на Македонците во овие делови на Албанија, смета Ѓурѓај.
Поранешните општини сега функционираат како административни едници,со наименуван администратор од страна на градонаалнците на општините кон кои припаѓаат а во согласност со Владата.
Пред донесувањето на законот за територијалната поделба во Албанија функционираа 385 а сега 61 општина.Единствена македонска општина со законот е општина Пустец, област Мала Преспа.
МИА