Лозарите задоволни, ќе има откуп и добри цени на грозјето – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/18 7:43 AM

Лозарите задоволни, ќе има откуп и добри цени на грозјето

Министерството за земјоделство денес беше домаќин на средбата меѓу претставници на лозарите и винарските визби каде се разговараше за моменталните состојби  со посебен акцент на претстојната берба и откуп на грозје. Ова е само еден од низата состаноци кои изминатиов период беа одржани, а се со цел навреме да се планира производството и откупот.Претседателот на Здружението Напредни лозари од Кавадарци,Трајче Кулев,излезе задоволен од состанокот,според него лозарите годинава не треба да стравуваат за родот.

-Винариите кажаа дека годинава имаат доста побарувачка на грозје,што дури ние лозарите не можеме и да го обезбедиме.Им соопштивме дека во моментов имаме половина од тие количини кои ги бараат,па со тоа сметам и дека цените ќе растат со оглед на тоа дека ќе се создаде и некоја конкуренција меѓу откупувачите.Мислма дека ова ќе биде една добра вест за лозарите,за оние кои успеале да го сочуваат родот дека грозјето ќе достигне една добра цена,да бидат уверени дека цената ќе расте и нема да биде како претходно со сите пробеми со откупот.Со винариите имаме добра соработка,сакаат да откупат до последното зрно,е сега останува за цената ама мислам дека нема да има проблеми затаоа што конкуренцијата ќе си го направи своето,вели Кулев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека како ресорно министерство имаат обврска да создадат услови за непречен откуп и стабилни откупни цени, поволен амбиент и за винарите и за лозарите, и дека тоа може да се постигне само преку навремени и редовни средби меѓу двете страни.

Според проценките на Министерството и на винарските визби оваа година се очекува да биде поволна од аспект на извозот, ако се има предвид дека заклучно со април годинава извозот на вино од Македонија бележи пораст од 8 отсто.Од овде посочуваат дека Владата заедно со МЗШВ и во следниот период ќе ја следи состојбата на терен, бербата и откупот, посебно во делот на почитување на договорите и навремена исплата на откупениот род.

Билјана Тошевски