Запленет камион со руски ракетен систем „панцир“ во Либија – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 6:03 PM

Запленет камион со руски ракетен систем „панцир“ во Либија

Припадници на американската армија во Либија заплениле камион со ракетен систем „Панцир Ц-1“ од руско производство. Противвоздушниот ракетен систем, како што објавува британски „Тајмс“, и припаѓа на либиската национална армија (ЛНА), која има поддршка од Русија.

Според британскиот магазин, тајната операција била извршена поради стравувања дека „Панцир Ц-1″ може да падне во рацете на милиции или шверцери на оружје и со него да бидат напаѓани цивилни авиони. Системот е пренесен во американската воздухопловна база Рамштајн во  Германија.