Се трага по креаторите на „Јавна соба”, можна блокада на Телеграм, изјави Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 5:18 PM

Се трага по креаторите на „Јавна соба”, можна блокада на Телеграм, изјави Спасовски

Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од штип се привденеи денеска во врска со случајот „Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој во изјава за Канал 5 рече река работиме заедно со Обвинителството се со цел да се обезбедат и дополнителни докази коишто ќе бидат докази во постапката.

– Секако дека трагаме за уште лица, имаме идентификувано уште лица кои во наредниот период ќе бидат приведени и да можеме да дојдеме до оние кои ја креират ова група. Меѓутоа и оние што злоупотребуваат лични податоци внатре во групата. Интензивно работиме во соработка со ЈО. Имавме експресна, брза реакција во делот на пронаоѓањето на овие сторители, и сметам дека на овој начин можеме ефикасно да ставиме крај на вакви лоупотреби коишто се моментално на одредени социјални мрежи, рече Спасовски.

Се прават обиди за контакт со социјалната мрежа Телеграм, но засега без успех.

– Досега неколку пати во однос на оваа платформам Телеграм имаме доставувано барања и тоа официјални барања,кои се поткрепени со наредби од ЈО, од судот и тн. меѓутоа досега немаме никаков контакт ниту било какво постапување по однос на тие наредби коишто ги имаме за одредени предмети. Затоа мислам дека треба да се ангажираме повеќе како држава во делот на обезбедувањето на правната помош. Имајќи предвид дека скоро ниту една од државите не добива никакви одговори од Телеграм, очигледно е дека ваквиот начин на којшто се постапува оди во прилог на оние кои ја злоупотребуваат оваа платформа и затоа ние ги преземаме сите можни мерки се со цел да бидеме заштитени во иднина како држава генерално, посочи Спасовски.

Тој потенцира дека можно е банирање на целата платформа Телеграм што работи на територијата на нашата држава затоа што, како што рече, постојано се креираат вакви групи.

– Креирањето на ваквите групи секако се од лица коишто имаат сериозни намери да нарушат лична безбедност или лични податоци на одредени лица. Јас очекувам преку заедно што ја имаме со ЈО не само што ќе бидат изведени пред лицето на правда што ги злоупотребуваат личните податоци, туку напротив тоа треба да претставува обесхрабрување за секој еден што ќе се дрзне во иднина да на еден ваков начин или на било која платформа, на било која социјална мрежа да злоупотребува лични податоци заради тоа што навистина тие коишто се жртви во овој случај се оние за коишто ние мораме да застанеме во заштита, рече Спасовски.

Тој ги повикува сите жртви кои се наоѓаат во групата да пријават на централно ниво во МВР.

– Се работи во тој правец на откривање практично на оној кој ја креирал групата и оние коишто се дел од групата. Тоа ќе го покаже целосно истрагата. Ќе имаат сериозна кривична одговорност. Упатувам апел до сите, пред се до младите луѓе коишто ги користат овие платформи, социјални мрежи, да постапувааат врз основа на позитивните законски прописи. Инаку секој што се наоѓа во таа група до крај ќе се истражи и ќе сноси кривична одговорност, рече министерот Спасовски.