За првпат се пушта со работа новата шестоседа жичница „Лајтнер“ во Ски – центарот „Попова Шапка. На првиот ден на пуштањето на жичницата за оваа сезона, за панорамски разглед за посетителите на Ски – центарот „Попова Шапка“ е БЕСПЛАТНО. На овој настан ќе присуствува и министерот за економија, Крешник Бектеши и управтелот на ЕЛЕМ ТУРС, Адем Авзиу..
Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1.510 метри, со максимален капацитет за транспорт на скијачи од 2.400 скијачи на час. Шестоседата жичница е позиционирана на локацијата од Мал Јелак до врвот на ски-лифтот АјдучкаРамнина (поранешно Ге). По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над 3 кмНовата жичница со постојните ски – лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе понуди уште поатрактивни скијачки патеки. Со тоа, Ски – центарот „Попова Шапка“ и оваа сезона е вистинскиот избор за скијање и сноубординг и за сите кои уживаат во зимските спортови.
Останатите денови шестоседата жичница ќе работи редовно, како и останатите ски – лифтови и жичници во Ски – центарот, од 9 до 15,30 часот. Цената за едно возење на шестоседата жичница која ќе важи од сабота е 150 денари. За сите билети во Ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, истакнаа од ЕЛЕМ ТУРС
З.Димовски