Четири лица директни учесници во групата Јавна соба на Телеграм се приведени денеска, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во изјава за Канал 5 Спасовски рече дека приведени се две лица од Битола и по едно лице од Велес и Штип, а се идентификувале и други членови што значи дека наскоро ќе има и нови апсења.
МВР заедно со обвинителството како што рече Спасовски, интензивно работи на обезбедување дополнителни докази, со цел да дојдат до креаторите на групата, но и до самите членови кои вршат злоупотреба на лични податоци.
И покрај апсењата, а1он пишува дека администраторите на Јавна соба отвориле нова група во која ќе се префрлат. За да стигнат до новата група, администраторот ги упатил членовите да му пишат во приватна порака.