Драма околу вакцините: Инспекција во белгиската фабрика на АстраЗенека – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 3:21 PM

Драма околу вакцините: Инспекција во белгиската фабрика на АстраЗенека

Белгиските инспектори на барање на Европската комисија,  покренаа истрага за производството на вакцини на Астра Зенека во близина на Брисел, откако ескалира спорот со недостиг на вакцини.

Инспекцијата наводно излегла на терен на барање на Европската комисија за да утврди постојат ли навистина проблеми во поизводството на вакцини што компанијата го споменуваше како причина за кршење на договорот за достава на договорената количина. Сепак Европската комисија за тоа не сака да зборува, па не се знае дали тие барале инспекција и по кој повод, наведува „Гардијан“ .

Белгиските власти порачуваат дека од сега ќе ги анализираат наодите во соработка со стручњаци од Холандија, Италија, Германија и некои други земји.

Инспекцијата се поврзува со вчерашниот состанок во Брисел.

Имено шефот на Астра Зенека синоќа сепак одлучил да дојде на состанок, иако претходно во текот на денот се појави вест дека компанијата нема да испрати свој претставник на состанокот со претставниците на Европската унија.

Освен што велат дека ќе „настојуваат да одржуваат контакти со цел да се осигураат за навремена достава на вакцините“, од седиштето на Европската комисија не дале никакви нови информации за разговорите и не сакале да изнесат детали од разговорите со шефот на Астра Зенека.

Првата посета на претставниците на белгиската Федерална агенција за лекови заврши во средата во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Ено, соопшти белгиското Министерство за здравство. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот

Извршната власт на ЕУ побара истрага поради сомнежи поврзани со објаснувањето на Астра Зенека за очекувана помала испорака на вакцини за ЕУ.

Англо-шведската компанија соопшти дека за земјите членки ќе може да испорача само околу 25% од 100 милиони дози до крајот на март, поради производствен проблем во белгиската локација во сопствеништво на француската компанија за животни науки Новасеп. Се очекува дека вакцината во петок ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови.