Џафери:Како да го ставам Зијадин Села прв на списокот кога го немаше на списокот – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 2:45 PM

Џафери:Како да го ставам Зијадин Села прв на списокот кога го немаше на списокот

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива се повлекоа од денешната седица на поставување на пратенички прашања, незадоволни од редоследот за поставување прашања.

Тие го обвинија  претседателот на Собранието, Талат Џафери дека злонамерно го ставил пратеникот Зидаин Села како петти за поставување прашања.

„Претседателот на Собранието ја игра улогата на гласноговорник на ДУИ, ја блокира албанската опозиција, и интересите на граѓаните кои ги застапуваме ние. Ние сакаме да потикнуваме одредени точки кои се проблем за граѓаните“, изјави координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи.

Реџепи вели дека имајќи предвид дека Села е претседател на партија и пратеник треба да го стави прв да поставува прашања. Тој, како координатор на пратеничка група да поставува прашање е ставен на 13 место.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери образложи дека во листата со пратеници што му била доставена во предвидениот рок од страна на координаторот на коалицијата Алијанса/Алтернатива не бил ставен претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

„ Во текот на вчерашниот ден во 15 часот, заменикот координаторот Сурија Решити до мене достави барање прв од листата на Алтернатива/Алијанса да биде Зијадин Села. Ако докрај бев доследен со Деловникот, ова писмо требаше да ви го вратам, но тоа не го сторив, затоа што станува збор за претседател на партија, иако на претходната листа Села не беше пријавен“, рече  Џафери.