По гласините дека Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт раскинале, тој објави двосмислено видео – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/18 7:31 AM

По гласините дека Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт раскинале, тој објави двосмислено видео

По гласините дека американската поп пејачка Мајли Сајрус и нејзиниот вереник Лијам Хемсворт ја раскинале веридбата, тој на Инстаграм објави видео на кое тие двајца се возат во нивната кола и се забавуваат на свој начин.

При крајот на кусата снимка, Мајли исповоцирана од негов необичен потег, одненадеж станува лута, и видеото завршува. На обожавателите не им е јасно дали ова значи потврда на гласините, или пак, иронично негирање, коментираат американските медиуми.

Гласините за прекин на свршувачката се појавија минатиот петок, 13 јули.

Мајли и Лијам својата веридба ја објавија во јуни 2012 година, две години откако се сретнаа на сниммањето на видео спотот „The Last Song“.

https://www.instagram.com/p/Bla8LB9HXKj/?utm_source=ig_embed

 

Извор:МИА