Арсовски: МВР сега е „распашана банда“, а на чело со Чулев за еден ден имаше разрешница за „јавна соба“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 1:29 PM

Арсовски: МВР сега е „распашана банда“, а на чело со Чулев за еден ден имаше разрешница за „јавна соба“

Со жаргонски речник, Министерството за внатрешни работи во моментов може да се нарече распашана банда, а во прилог на ова говорат и секојдневните поплаки на граѓаните кои немаат до кого да допрат. Вака денеска реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски откако случајот со групата „јавна соба“ повторно се актуелизираше.

Последниот случај на неколку пријави од девојки кои биле жртви на „Јавна соба” и кои јавно излегоа да говорат за тоа како биле избркани од МВР со образложение дека не можат да им помогнат, дека секое чудо траело за три дена, ќе ги заборавеле и дека немале надлежност, само говори за односот на Оливер Спасовски и СДСМ кон жртвите кои што не се само жртви на неколку илјади пазачи, туку се и жртви на неспособниот систем. Вистината е следна, а тоа е дека не им се работи, а можат случајот да го решат за само еден ден“, изјави Арсовски потсетувајќи дека кога првпат се дозна за активностите во оваа група, на чело на полицијата стоеше министерот Чулев од редовите на опозициската партија.

Само за споредба, минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба” за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата. И тоа се случи за со еден ден. Денес, кога одат граѓани да пријавуваат злоупотреби поврзани со истиов случај „јавна соба” којшто повторно се појави и веќе трае можеби недела дена и повеќе, администрацијата на Оливер Спасовски ги брка – додаде портпаролот.