Масовна имунизација на повеќето сиромашни дури во 2024 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/21 8:40 AM

Масовна имунизација на повеќето сиромашни дури во 2024 година

Повеќето сиромашни земји нема да спроведат масовни вакцинација против ковид-19 пред 2024 година, а некои воопшто нема да стигнат до тој стадиум, според прогнозата што што укажува на големата поделеност на светот во следните неколку години.

Земјите како Велика Британија, САД, Израел и оние во Европската унија најверојатно ќе постигнат масовна вакцинација до крајот на 2021 година, се вели во анализата на одделот за истражување на британскиот „Економист“ (ЕИУ). Нив ќе ги следат и многу други развиени земји до средината на 2022 година, а потоа и повеќето земји со среден приход до крајот на таа година.

Сепак, 84-те најсиромашни земји во светот нема да добијат доза за да вакцинираат доволен број жители најмалку една година после тоа, изјави Агата Демараис, директорка на ЕИУ за глобални прогнози и автор на проектот.

„Тоа ќе ја дефинира глобалната економија, глобалната политичка сцена, патувањата, скоро сè“, рече таа.

Најавите што започнаа во декември дека кандидатите за вакцини се безбедни и многу ефикасни, донесоа надеж за светлина на крајот од тунелот, но извештајот објавен вчера посочува дека во повеќето земји, крајот на пандемијата ќе дојде за една година. Причините се многубројни – од обезбедување на состојки за вакцини, проблеми со производството, одложувањ на испораката, до слаба медицинска инфраструктура во некои земји и недостаток на обучени здравствени работници за инјекции.

Во извештајот се изразува сомнеж за предвидувањата дека со мехаизмот КОВАКС ќе се обезбедат доволно дози оваа година за да се опфатат 27 проценти од населението во земјите-членки. Целта на механизмот е да бидат испорачани 2,3 милијарди дози до крајот на годината, вклучително и 1,8 милијарди бесплатни дози во посиромашните земји. Вакцинацијата е закажана да започне следниот месец.

Студија која беше објавена во вторникот покажа дека нееднаквата дистрибуција на вакцини може да „исцица“ повеќе од девет милијарди долари од глобалниот БДП оваа година како резултат на падот на побарувачката на потрошувачите во невакцинирани земји, објави Гардијан.

Болеста која се распространува ќе ги наруши глобалните синџири на снабдување. „Рамноправната дистрибуција на вакцините не е милосрдност, туку тоа е економски здраворазумно“, рече генералниот секретар на ICC, Џон Дентон. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус минатата недела изјави дека светот е на раб на катастрофален морален неуспех во досегашната нееднаква распределба на вакцините, при што повеќе од 40 илјади дози се дадени во околу 50 држави, од кои повеќето се богати или со средни приходи. Групите за медицински права повикаа на доделување патенти за вакцините и лековите против ковид-19 за да може да почнат да ги произведуваат квалификувани производители со што би се намалил глобалниот недостиг.

Во меѓувреме, во Холандија која последна во ЕУ почна со вакцинација, три дена се организираат демонстрации против полицискиот час кој беше прогласен со цел намалување на ширењето на вирусот. Европската унија како целина е летаргична во снабдувањето со вакцини кои се плаќаат со парите на даночните обврзници. Просекот во еден блок е само две дози на вакцини на сто луѓе. Во однос на оваа тема, досега најдобро се покажува Малта со четири дози на 100 жители.

Според новата прогноза на компанијата за анализа на податоци Airfinity, заснована на тековните договори за снабдување и земајќи ги предвид најновите достигнувања во однос на доцнењата во производството, Европската унија ќе постигне колективен имунитет само со вакцинирање на 75% од населението до 21 октомври. Велика Британија го очекува тоа на 14 јули, а САД на 9 август, според податоците објавени од „Гардијан“.

 

Извор:             vijesti.me