СЗО прави процена две кинески вакцини да бидат ставени на „листа на итно користење“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 11:00 PM

СЗО прави процена две кинески вакцини да бидат ставени на „листа на итно користење“

Светската здравствена организација (СЗО) врши оценка на две вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од кинеските компании за да бидат ставени на „списокот за итни случаи“, јавува Анадолија (АА).

Според веста што ја објави Кинеската глобална телевизиска мрежа (CGTN), СЗО ги испитува податоците на кинеските вакцини на „Синовак“ и „Синофарм“.

Во веста се истакнува дека една екипа работи со компаниите „со цел, првенствено од страна на СЗО да биде проценета усогласеноста со меѓународните практики за производство со квалитет, пред да бидат вклучени на потенцијалниот список за употреба во итни случаи“.

Најмалку 24 земји во светот со Кина склучија договори за набавка на вакцините на „Синовак“ и „Сонофарм“.

„Програмата за вакцинација се одвива без проблеми и бројот на луѓе кои сакаат да се вакцинираат се зголемува“, изјави Зинг Јишин, потпретседател на Националната здравствена комисија на Кина.

Зинг рече дека при вакцинацијата, приоритет им е даден на луѓето што се наоѓаат во групата со висок ризик и здравствените работници.

Во последните 24 часа во континенталниот дел на Кина се евидентирани 75 нови случаи на зараза со Ковид-19, од кои 20 потекнуваат од странство, а нема починати од последици на заразувањето со вирусот.

Од појавата на коронавирусот досега, во Кина се детектирани 89.272 случаи на заразување со Ковид-19, од кои 82.774 оздравеа, а животот го загубија 4.636 лица позитивни на вирусот.