Шекеринска: За да се постигне договор со Бугарија, треба желба од двете страни – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 10:40 PM

Шекеринска: За да се постигне договор со Бугарија, треба желба од двете страни

За да се постигне договор, треба желба од двете страни. Тука меѓу нас, во државата, не само во Владата, имаме желба проблемот да се реши. Ако има пола од таа желба и од бугарска страна, ќе го решиме проблемот, изјави вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во однос на изјавите на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, Шекеринска во гостувањето на телевизија Сител, рече дека е горда и сигурна во себе и својот македонски идентитетет и нема што да дискутира со Каракачанов за тоа, нагласувајќи дека нашето право е наше право и дека премногу внимание околу тие игри, не е во наша полза.

– Понекогаш чинам дека премногу внимание посветуваме на изјавите, кои се дел од бугарскиот предизборен фолклор и тие најверојатно ќе бидат тука и за време на изборите, а може и по изборите. Но едно останува, или ќе се однесуваме европски, македонски, бугарски или ќе продолжат таквите политички навики да ни го трошат времето, изјави Шекеринска.

МИА