Најстудениот град во Европа сака да ги организира Летните олимписки игри во 2032 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 8:43 PM

Најстудениот град во Европа сака да ги организира Летните олимписки игри во 2032 година

Претстојните Летни олимписки игри ќе се одржат во Токио, во 2024 година најдобрите светски спортисти година ќе се соберат во Париз, а четири години подоца во Лос Анџелес.

Домаќинот на ЛОИ во 2032 година ќе биде познат по нешто повеќе од четири години, а веќе постојат неколку кандидати, како Истанбул, Џакарта… Но, кандидатура најави и најстудениот град во Финска и во Европа.

Гратчето Сала се наоѓа во Лапонија, во кое температурите од минус 50 степени не се реткост. Сала ја обелодени кандидатурата со цел за подигнување на свеста за глобалното затоплување.

„Идејата можеби е луда, но пораката е сериозна“, велат од општинското раководство на Сала, пренесуваат „Мондо“ и „Аваз“.