Итна реформа денес за подобро утре, вели професор Ристова – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 7:28 PM

Итна реформа денес за подобро утре, вели професор Ристова

За најавената реформа во основното образование, професорката Мимоза Ристова од Природно-математичкиот факултет во Скопје, вели дека е промена што се чека 30 години. По денешната средба на професорите од сите универзитети во државата со претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование, Ристова изјави дека од првиот лош резултат  постигнат на ТИМСС тестовите, по независноста, резултатите  постојано се влошуваа.

-После 30 години некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува низ неколку влади до сега, а точно е детектирана грешката. Оваа влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди брзо и да го покренеме системот на подобро, рече професорката Ристова.

Децата образувани според новата концепција нема да бидат националисти, нема да бидат политички оптоварени, ќе бидат интегрирани во општеството и ќе бидат сензитивни кон средината и кон окружувањето, посочи професорката.

-Новиот човек може да се направи само со поинтензивно образование, со дигитално образование, затоа што денешното дете не е исто како ние кога бевме деца. Концептот овозможува добра реализација и ние од високото образование будно ќе следиме како се спроведува и ќе интервенираме секогаш кога ќе има отклонување од иницијалниот пат, рече професорката Ристова.