Леви – Друмер: Да не се заборави холокаустот и Еврејската заедница – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 9:12 PM

Леви – Друмер: Да не се заборави холокаустот и Еврејската заедница

На денот кога светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, македонските граѓани оддаваат почит на своите сограѓани, Евреи, нив 7144 на број, кои станаа жртви на прогонот на нацистите. Сите беа убиени во Логорот на смртта Треблинка. Во светот, во текот на Втората светска војна беа убиени над шест милиони невини деца, жени и мажи Евреи.

Д-р Шели-Рејчел Леви-Друмер, родена во Македонија, единствениот наследник на семејствата Леви и Абраванел, е на чело на Здружението за промоција на еврејското наследство Битола и академски секретар на Универзитетот Бар Илан. Во обраќањето во продолжение, д-р Леви – Друмер потсетува на голготата на еден народ и напорите што ги вложува Македонија тоа да не се заборави, за никогаш да не се повтори. 

-Денес, 27 јануари, светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот во согласност со едногласната одлука на ООН донесена во 2005 година. Овој датум беше избран бидејќи ова е датумот кога логорот за истребување  во Аушвиц беше ослободен од нацистите.

Резолуцијата на ООН ги повикува земјите да развиваат наставни планови и програми во областа на сеќавањето на холокаустот, да го отфрлат секој обид за негирање на холокаустот, да ги осудат ефектите од ксенофобијата и да ги поддржат земјите вклучени во зачувување на концентрационите логори.

На денешен ден пред една година, претседателот на Северна Македонија, проф. Стево Пендровски присуствуваше на специјалната меѓународна манифестација за одбележување во Израел, заедно со уште четворица претседатели од Балканот и десетици претседатели од целиот свет. Овој настан беше организиран од израелскиот претседател Ревен Ривлин, по повод 75-годишнината од ослободувањето на логорот на смртта во Аушвиц.

Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот секоја година се одбележува во Северна Македонија како и во Израел и повеќе други земји низ целиот свет. Покрај тоа, обете наши држави го одбележуваат датумот на кој македонските Евреи биле заокружени од своите домови, префрлени во фабриката за тутун – во Монополот и испратени во логорот на смртта во Треблинка,  од кој ниту еден од 7144-те македонски Евреи, не преживеал.

Настаните за сеќавање во Македонија се одржуваат последните години во трите градови во кои стотици години постоеја големи еврејски заедници: Скопје, Битола и Штип.

Во Скопје, меморијалните настани се фокусирани во Монополот и Музејот на холокаустот, кој беше создаден по основањето на Фондацијата за холокауст од страна на Македонија заедно со Еврејската заедница. Главните цели на основање на Фондацијата за холокауст се зачувување на сеќавањето на заедницата која беше истребена, како и продлабочување на свеста за холокаустот и рехабилитација на значајните еврејски места распрскани низ целата земја на Северна Македонија, од кои најистакнато се древните и најголемите гробишта на Балканот во Битола.

Како дел од ова, во центарот на Скопје беше основан Музејот на холокаустот, кој беше инаугуриран со привремена изложба во 2011 година. Постојаната изложба на Мајкл Бирнбаум, кој го дизајнираше Музејот на холокаустот во Вашингтон, беше поставена во 2018 година,а свечно отворена во 2019 година.

Музејот е важен центар во чест на загинатата еврејска заедница, а неговата активност станува се’ позначајна и поблиска да локалното население и туристите. Во 2015 година, на иницијатива на амбасадорот Дан Оријан, започна реставрацијата на гробиштата во Битола, кога се здружија амбасадорот, Фондацијата на холокаустот, Еврејската заедница, Општина Битола, владини претставници и свештеници и локална организација Архам.

Имам чест да бидам дел од овој важен проект, како академски секретар на Универзитетот Бар Илан, како претседател на израелската невладина организација за еврејско наследство во Битола и родена во Македонија,  од еврејските семејства  семејствата Абраванел и Леви, кои успееја да го преживеат холокаустот.

Остварувајќи ја целта на оваа иницијатива за обновување на еврејски гробишта стари 500 години, со што се успеа да се зачуваат, досега е обновена околу една третина околу гробиштата, а околу 4.000 надгробни споменици се откриени и исчистени, кои ги чинат гробиштата „книга со отворен живот“ на исчезнатата заедница. Овој проект има посебно значење, бидејќи денес не живее ниту еден Евреин во Битола, место каде што значајна и многу живописна и активна еврејска заедница битисуваше повеќе од илјада години.

Според конечниот план, гробиштата ќе станат „сеќавање на исчезнатиот животен центар“ и меморијален парк за заедница што повеќе ја нема, каде што треба да се постави и специјалниот споменик во форма на огромен сончев часовник што бил изграден специјално од Еврејски уметник роден во Македонија, „последното бебе на Македонија пред холокаустот“,  Мати Гринберг. Истовремено со овој проект, започнува процес на обиколка и проучување на еврејската историја во Битола , со бран туритички посети.

Од 2017 година, започнавме со посебни меморијални настани еднаш годишно, на 11 март, датумот на одбележување како Марш на живеењето во Битола, на кој присуствуваа и маршираа со нас високи министри и владини службеници од Северна Македонија и Израел со илјадници (!) Македонци Израелци и учесници од Европа и целиот свет.

Заедно со Маршот на живеењето во Македонија, се случуваат различни активности во областите на иновации, технологија, култура и образование како сеќавање на еврејската заедница од Битола и Македонија, предводени од амбасадорот Дан Оријан. Во 2020 година, беа подготвени Маршот  и други проекти, но се откажаа поради Covid 19. За жал, дознавме дека двата големи меморијални центри во Северна Македонија се затворени за посетители.

Ова е Музејот на холокаустот во Скопје и обновениот дел од древните Еврејските гробишта во Битола. Во изминатата година, Музејот на холокаустот во Скопје беше затворен, посетите се откажани, додека сите скопски музеи се отворени за посетители според прописите заштита од Covid 19. За жал, битолските гробишта, кои беа секојднвно отворени за посетители, во моментов се затворени. На партнерите кои прават санација, вклучувајќи ги и Македонците, им е забранет влез, а повеќето надгробни споменици ќе исчезнат под дивата вегетација и ерозијата на почвата, и покрај напорната работа во последните години.

За жал, ова е ваква ситуацијата и овие големи проекти во кои е вложено огромен напор се затворени и неактивни подолго време, што нема никаква врска со ситуацијата со пандемијата. Откажувањето на Маршот на живеење оваа година и ставањето „во мирување“ на другите меморијални активности во Македонија беше предизвик за нас и не’ охрабри да бараме алтернативни креативни начини за објавување и заживување на сеќавањето на заедницата.

Наместо Маршот на живеењето, оваа година, како иницијатива на амбасадорот Дан Оријан, одржавме проект ннасловен „Светло на сеќавање и надеж“ за време на еврејскиот празник Ханука. Последната ноќ на Ханука според еврејската традиција, се палат по 8 свеќи на секоја Менора, така што таа ноќ беше избрана за меморијалниот проект наречен „1000 менора“.

Бројот на Евреи од Македонија кои загинаа за време на холокаустот изнесува 7.144, па затоа решивме да го именуваме проектот „1000 менори“, голем број запалени свеќи колку што е бројот на загинатите Евреи. Менорите во Македонија беа подготвени на иницијатива на амбасадорот Оријан и израелското Министерство за надворешни работи,  од млади со посебни потреби во проект во кој учествуваа македонските организации, како што се: Акта Нун Верба и Маја Соса, член на заедницата од Скопје и Архам, предводени од битолчанка Марија Грас Дучевска (Мима).

Потоа, беше одлучено да се прошири иницијативата и кон Израел и низ целиот свет и да се осветли сеќавањето на македонската еврејска заедница што загина во холокаустот. Од луѓето и заедниците од целиот свет беше побарано да ни испратат видео или фотографија од специјалното осветлување. Ова беше навидум едноставна идеја што го придружуваше настанот за осветлување Ханука, кој е традиција во деновите на Ханука, во скоро секој еврејски и израелски дом, давајќи посебно значење на светлина и сеќавањето. Меѓу учесниците на церемонијата на осветлување беа околу десет главни израелски градоначалници, вклучително и на главниот град Ерусалим, со ученици, млади и лица со посебни потреби и  луѓе со посебни потреби, кои учествуваа во специјалниот настан за осветлување на спомените. Други специјални осветлувања беа организирани во центрите за наследство, музеи, академски институции и училишта,  каде се палеше менора за секој македонски Евреин кој загинал со сеќавање на неговото име.

Вкупно, во Израел беа запалени повеќе од десет илјади менори. Нашиот проект стигна до многу земји низ светот и одговорот беше зачудувачки. Добивме слики и видеа од осветлувањето на стотици менори од Соединетите држави, Јужна Америка и низ цела Европа и Азија.

Главното осветлување на менора беше од страна на претседателот на Северна Македонија, проф. Стево Пендеровски и претседателот на Еврејската агенција Исак Херцог и многу други високи претставници на владата. Наспроти ова, постојат и други виртуелни начини кои ни помагаат да го запомниме и зачуваме сеќавањето на загинатиот македонски евреин, дури и кога нема физички проекти. Оживувањето на споменот на Еврејската заедница во Битола, кое започна со проектот за обновување на гробиштата 2015 година, продожува да се развива и не запира.

Во Израел, во изминатите години беше формирана заедница на потомци на Евреи од Битола и Македонија, со околу 2.000 членови, и таа е активна во сеќавањето и продолжувањето да ја раскажува приказната за заедницата што загина. Во исто време, постои заживување на меморијата и живот наследство на потомците на заедницата во Соединетите држави и Јужна Америка.

Досега се откриените над 4.000 надгробни споменици и се документирани и поставени на виртуелна база на податоци, ја формираат основата на истражувањето и уметничките дела продолжуваат да бидат живо сведоштво, иако виртуелно,  ја раскажуваат приказната за загинатата заедница и гробиштата, што се планираше да бидат жив парк и спомен, кој е на пат да биде обновен и документиран.

Заедно со виртуелните и иновативни начини на зачувување на документацијата и континуитетот на сеќавањето, се надевам дека двата главни проекти во Македонија ќе се вратат во целосна во функција што е можно поскоро. Се надевам дека Музејот повторно ќе се отвори и ќе работи за наставници, студенти, посетители и туристи како во сите музеи на холокаустот ширум светот, и дека првичниот план за претворање на гробиштата во добро чуван меморијален парк, вклучувајќи ја и специјалната сончева уметност од родениот во Македонија уметник, Мети Грунберг, ќе продолжат.

Исто така, се надевам дека меморијалниот парк ќе ги охрабри туристите и посетителите да ја посетат и запомнат и никогаш да не ја заборават заедницата што загина. Навистина се надевам дека процесот на обновување и зачувување на гробиштата ќе заврши во соработка со сите оние кои учествуваа и се дел од овој многу посебен проект. Се надевам дека преку сите овие проекти ќе продолжиме да ги презентираме, осветлуваме и ќе се сеќаваме на страшните настани од холокаустот и сеќавањето на Еврејската заедница во Македонија, која беше речиси целосно истребена.

 

д-р Шели-Рејчел Леви-Друмер, родена во Македонија, единствен наследник на семејствата Леви и Абраванел, претседател на Здружението за промоција на еврејското наследство Битола и академски секретар на Универзитетот Бар Илан