Најмалку 53 загинати во судир на автобус со камион во Камерун – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 6:02 PM

Најмалку 53 загинати во судир на автобус со камион во Камерун

При судир на патнички автобус со камион во градот Дашанг, кој се наоѓа во западниот дел на Камерун, загинаа 53, а повредени се 29 луѓе, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според вестите на националните медиуми, автобусот, во кој се наоѓале околу 70 патници, се судрил со камион во местото Фалаисе во близина на градот Дашанг.

Од судирот се запалиле возилата, а според првичните сознанија, во несреќата загинале најмалку 53 лица, додека 29 лица се повредени.

Властите изразуваат загриженост од зголемување на бројот на жртвите.