Тече пријавувањето на вишокот тутун во подрачните единици на минситерството за земјоделство . Во Струмица тутунарите пријавуват вишоци и по над илјада килограми суров тутун. Станува збор за производство за кое немаат склучено договори со ниту една компанија .
Тутунарите тврдат дека тоа е резултат на немањето сопствени ниви па изнајмуваат а за кои заради нерешено имотно правни односи кај сопствениците немаат официјални документи дека станува збор за нива под закуп
,, Јас само за една нива од 2 декара успеав да добијам документ преку нотар и склучив договор со откупна компанија а за останатите 8 декари немам никаков документ оти газдите на нивите претежно возрасни лица немаа имотни листови а децата не им се тука. Од тука имам над еден тон вишок производство . А не сум само јас . Во нашето село 80 % од прозиводителите имаат ниви под закуп но за нивите немаат договори за закуп кои треба да се приложат при склучување на договори со откупни компании,, кажа Казим Мустафов, производител од Градашорци
Според регулативната сите кои се занимаваат одгледување со тутун мора да склучат договор со откупната компанија која во зависност од пријавените површини одредува колку количини ќе откупи. Годинава компаниите сстриктно се држат до договорената количина иако голем број семејства имаат произведено многу повеќе отколку што пријавиле
Вишокот ќе се откупува после 15 февруари. До 5 ти е пријавувањето на вишокот кое може да се стопри во подрачните единиците на министесрството или кај поверениците на откупните ваги