Гаврилов не прифати помирување по физичкиот напад и заканите по живот – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/21 4:05 PM

Гаврилов не прифати помирување по физичкиот напад и заканите по живот

На процесот за делото „Загрозување на сигурноста“, Основниот суд од Штип понуди помирување и медијација на оштетениот Горан Гаврилов со Горан Стојанов- Коцка, која на 14 мај 2020 година, го нападна и му се закани по живот. Во исто време Стојанов Коцка возврати со приватна тужба за истото дело притив Гаврилов. Судот двата предмети ги спои во еден.

Одбраната на Гаврилов денеска како доказ ја поднесе видео снимката од надзорната камера на објектот каде беше нападнат. Снимката ја обезбеди полицијата, како службен доказ. Адвокатот на обвинетиот Стојанов – Коцка, се обиде да ја дискредитира видео снимката како доказ, со образложение дека е не е аудио снимка. Сепак, Судот одлучи дека треба да влезе во понудените докази и ќе се разгледува на следното рочиште закажано за 27 април.

На ова рочиште ќе бидат сослушани и предложените сведоци.

Горан Стојанов – Коцка, кој на 14 мај  2020 година, му се закани по живот и се обиде да го нападне Горан Гаврилов, управителот на ТРД „Канал 77“, сега покажува сила и преку суд. Стојанов Коцка здружен со Роберт Димитров – Роби поднесе уште една тужба против Гаврилов за клевета поради тоа што јавно ги кажал упатените закани до него и неговиот син Виктор Гаврилов.

-Ќе ве убијам и двајцата, беше заканата што Горан Стојанов – Коцка ја упати до Гаврилов на 14 мај, лани.