Полицијата ја привела четириесет и шестгодишната С.Р од Штип, која што денес агресивно се однесувала и се заканувала на вработена во штипската Клиничка болница.
„На 26.01.2021 полициски службеници од полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Р.(46) од Штип, затоа што околу 09.00 часот во Клиничката болница Штип, се однесувала агресивно кон вработена и ѝ упатила закани“, информираат од Полицијата.
По комплетирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.