Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утрово регистрира серија земјотреси со епицентри 50 километри југозападно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.
Според Сеизмолошката опсерваторија, биле почувствувани пет земјотреси и тоа во 1:36 часот со јачина од 3,5 според Рихетеровата скала и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС), во 2:29 од 3,2 според Рихтер и од три до четири степени според ЕМС, во 2:48 со 3,1 според Рихтер и од три до четири степени според ЕМС, во 3:39 со 2,6 според Рихтер и од три степени според ЕМС и во 7:44 со магнитуда 3,7 според Рихетровата скала и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
миа