(ВИДЕО) Барди едноставно е мајстор за слободни удари – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 8:36 PM

(ВИДЕО) Барди едноставно е мајстор за слободни удари

Во манирот на најдобрите светски фудбалери ала Роналдињо и во манирот на еден од најдобрите изведувачи на слободи удари, Жунињо, македонскиот репрезентативец одново и одново го воодушевува гледалиштето.

Првиот старт од ноември минатата година му го донесе на Енис Барди првиот гол за Леванте сезонава. И тоа во 1/8 финалето на купот на Шпанија против екипата на Ваљадолид. Домаќините уште во 13-та минута го отворија резултатот преку Тони, а Барди со феноменален гол од слободен удар изедначи и го врати Леванте во игра за следната фаза.

Кога сите мислеа дека Барди ќе го „прескокне ѕидот“ со силен удар во аголот, тој ги изненади сите вклучувајќи го и голманот на Ваљадолид и оние кои стоеја во блокот.

Фантастичниот погодок на Барди ви го приложуваме во продолжение: