Еден од најдобрите европски тренери, по зборовите на Марина Грановскаија, конечно пристигна на „Стемфорд Бриџ“.
Томас Тухел и официјално е нов тренер на Челзи, каде што ќе се задржи во следните 18 месеци. Тимот од западен Лондон ќе може да го продолжи договорот со германскиот стратег доколку е задоволен од неговиот период на жешкото столче на „сините“.
Некогашниот стратег на ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе биде првиот Германец во историјата на клубот.
Во седумте сезони поминати во Будесот, Тухел како наследник на Клоп во Мајнц го одведе тимот во Европа Лига, а со екипата на Дортмунд го освои купот на Германија и „Сигнал Идуна Парк“ ја направи тврдина, воспостувајќи рекорд од две цели сезони без пораз на домашен терен.
-Сите имам огромна почит кон Френк Лампард и неговата работа и наследство креирано во Челзи. Во исто време, одвај чекам да го сретнам мојот нов тим и да се натпреварувам во највозбудливата лига во светот. Благодарен сум што сум дел од семејството на Челзи, чувството е неверојатно, изјави Тухел за клупскиот веб-сајт.
Директорката на Челзи и една од најмоќните фигури во светот на фудбалот, Марина Грановскаија, му посака добредојде на германскиот стручњак и изрази задоволство поради неговото ангажирање во овој момент.
-Никогаш не е лесно да се промени тренер на сред сезона, но среќни сме што го аннгажиравме еден од најдобрите тренери во Европа, Томас Тухел. Оваа сезона не е завршена и има уште могу да се игра и да се оствари. Му посакуваме добредојде на Томас во клубот, вели Грановскаија.
Тухел ја одржал денешната тренинг сесија во „Кобам“, а утре ќе го води својот колектив против Волвс на „Стемфорд Бриџ“.
Фото:
Тwitter / @Squawka