По два дена, прооден патот во викенд-населбата Попова Шапка – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 7:28 PM

По два дена, прооден патот во викенд-населбата Попова Шапка

По два дена, прооден е патот во викенд населбата Попова Шапка, каде, поради врнежите од снег и ветерот што донесен голем нанос од снег, целосно целосно блокиран коловозот, па сопствениците на викендички кои беа викендов на центарот, не можеа да се вратат во своите домови.

Од Здружението на граѓани „Попова Шапка“, велат дека сега патот е прооден и лесно возило може да помине, но во поотежнати околности. Механизација дошла попладнево и го исчистила овој патен правец

Викенд населбата на Попова Шапка можеби не е приоритет на лето, но на зима тука во некои денови има и над 5.000 жители и патот мора редовно да се чисти, велат од здружението на граѓани „Попова Шапка“.

Викенд населбата оваа зимска сезона, поради затворените граници, но и неработењето на угостителските објекти, за време на новоодишните празници беше едно од најпосетуваните места.

(З.Д.)