Црн ковид-рекорд во Тетово: Во последниве 24 часа починаа 11 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 7:15 PM

Црн ковид-рекорд во Тетово: Во последниве 24 часа починаа 11 луѓе

Црн рекорд во Тетово. Во последниве 24 часа починаа 11 лица од Ковид-19. Ова е најцрната бројка во Тетово во однос на починати лица последниве неколку месеци кога и бројот на заболени, но и на починати беше значително намален.

Се работи за пациенти од 56 до 77-годишна возраст. Бројката е за изненадуавње, ако се знае дека состојбата со Ковид-19 се ублажуваше изминатиов период. Д-р Гзим Нуредини вели дека граѓаните не треба да олабавуваат тоа е постојана препорака на здравствните власти. Се надева дека во наредниот период нема да има голем број на смртни случаи. Очекува тетовската болница малку да се растовари, откако целосно ќе се изгради модуларната болница во дворот на Клиничката болница во Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје евидентира 49 оздравени пациенти, како и 13 позитивни случаи со коронавирус од тетовскиот регион.

(З.Д.)