Интересна сцена е регистрирана синоќа на Градскиот стадион во Бања Лука, а во главна улога се две лисици. Паузата во фудбалскиот шампионат на Босна и Херцеговина и зелениот терен покриен со снег, двете животни одлично ги искористиле да си поиграат, иако е нејасно како успеале да се најдат во центарот на Бања Лука, пренесува „Српскаинфо“.
Социјалните мрежи се полни со снимките од „перформансот“ на лисиците. Пред да влезат на Градскиот стадион, биле видени и на повеќе други места во градот.