Израелските сили убија Палестинец на Западниот Брег – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 5:32 PM

Израелските сили убија Палестинец на Западниот Брег

Почина Палестинец што беше застрелан од страна на израелските војници, наводно поради „обид за напад со нож“ во градот Селфит, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на израелската Армија се наведува дека е спречен ‘наводен’ „обид за напад со нож“ во близина на еврејската населба Ариел на север од Западниот Брег, а напаѓачот е „неутрализиран“.

Во соопштението што го објави палестинското Министерство за здравство се наведува дека Палестинецот, чиј идентитет не е познат, е убиен од страна на израелските војници во близина на еврејската населба Ариел во Селфит.

Додека организациите за човекови права го обвинуваат Израел за спроведување вонсудски убиства над Палестинците, израелските сили продолжуваат со нападите врз Палестинците, обвинувајќи ги за „обид за напад со нож“ или за „обид за прегазување со возило“.