Антонио Милошоски: Имаме колега пратеник кој силувал жена, не го кажувам, очекувам сам да се пријави(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 4:42 PM

Антонио Милошоски: Имаме колега пратеник кој силувал жена, не го кажувам, очекувам сам да се пријави(видео)

Денеска на собаниската говорница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски не само што  кажа дека дава целосна поддршка за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените, туку и изнесе неверојатен податок дека во актуелниот собраниски состав има пратеник кој во минатото бил казнет за силување на жена.

Милошоски не го откри идентитетот на пратеникот, ниту од која партија е тој.Тој предложи во иднина  никој да не може да извршува висока функција ако извршил насилство врз жена.

„Имаме колега пратеник кој извршил силување врз жена. Одлежал казна ама сепак сега врши висока функција. Барам предлогот да не може да извршува висока функција како градоначалник, пратеник, министер да се вметне во законите за избор на градоначалници, пратеници и за избор на влада, човек кој извршил родово базирано насилство врз жена – рече Милошоски.

Милошоски рече дека идентитот на патеникот нема да го открие, бидејќи не сака да буде лоши спомени кај жртвта.

На ова потпретседателот на Собранието Горан Мисовски рече дека немаат информација дека пратеник имал извршено такво кривично дело.