Довчерашниот капитен на екипата на Аталанта, Папу Гомез, пристигна во Севиља пред потпишувањето на договорот со тимот од Андалузија.
Помеѓу капитенот на изненадувањето во последните сезони и тренерот Гасперини „пукна тиквата“ практично на почетокот на кампањата 2020/21 и клубот од Бергамо го чекаше јануарскиот пероден рок за да му ја исполни желбата на крилниот напаѓач да ја промени средината.
Севиља на Аталанта ќе му исплати 5,5 милиони евра плус три милиони евра дополнителни бонуси. Популарниот Папу до 2024 година ќе го носи дресот на најтрофејниот тим во историјата на Европа Лига, пренесува Фабрицио Романо.
Непосредно по слетувањето Гомез изјави дека ја сака Аталанта, но дека е подготвен за ново поглавје во кариерата.
Фото:
Twitter / @FabrizioRomano
football-espana.net