– Со надградбата на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, од Проектна во Програмска Канцеларија, практично се отвори патот наместо фокусирање на еднократни проекти, да се концентрираме на организирање, изготвување, реализирање и координирање на портфолио на долгорочни проекти, програмирани согласно нашите заеднички интереси и потреби, рече Спасовски. Предвидени се заеднички проекти на двете институции за подигање капацитетите и ефикасноста на граничната контрола и безбедност, насочен кон борбата против транснационалниот криминал и тероризмот.
На настанот присуствуваа и заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и Бил Вуд, шеф на Канцеларијата на УНОДЦ во Скопје и регионален советник за организиран криминал, а на видео линк од Виена беше вклучен директно и Џон Брандолино, директор на Одделот за договорни прашања на Канцеларијатa на Обединетите нации за дрога и криминал, потписник на Писмото за спогодба.


