Анемичното издание на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Египет, ја принуди РФМ на промена на селекторското столче.
Данило Брестовац и Ракометната федерација на Македонија взаемно се спогодиле да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори, стоеше во соопштението на РФМ.
Само една победа против Чиле во двете групи на Мундијалот и тешките порази од Шведска, Египет, Белорусија, Русија и Словенија, претставуваа доволна причина за освежување на позицијата селектор.
Брестовац ја извршуваше функцијата од јуни 2019-та година.