Дваесет и едногодишен кавадарчанец е најмладиот починат пациент од коронавирус во Тиквешијата од почетокот на пандемијата, а се бележат 73 смртни случаи, заклучно до вчера.
Од Кавадарци и Росоман од почетокот на пандемијата поради компликации од вирусот починале 52 лица, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Заклучно до вчера во овие две општини дијагностицирани се вкупно 2472 позитивни на вирусот, а со него се избориле и веќе се водат како оздравени 2147 пациенти. Во моментов активни се 273 случаи.
Во Неготино евидентирани се вкупно 953 позитивни, од кои 19 починале, 840 се оздравени, а активни се 94 случаи.
Во Демир Капија во моментов се активни 26 случаи, а од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 182 заболени. 26 починале, а 154 оздравеле.
Во ковид центарот на кавадаречката болница се лекуваат 17 пациенти, а еден 74 годишен пациент од Кавадарци починал.
Според податоците од ЦЈЗ Кавадарци заклучно до денес, оваа сезона има евидентирано само осум случаи на сезонски грип. Споредено со истиот период лани, имаме далеку помал број на ова сезонско вирусно заболување. Лани во статистиката се евидентирани на крај од јануари вкупно 69 случаи на грип.
Ангел Данов