Никола Јокиќ потпишува нов договор- Тој ќе стане најплатениот играч во НБА лигата – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/21 1:29 PM

Никола Јокиќ потпишува нов договор- Тој ќе стане најплатениот играч во НБА лигата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е клучен играч на Денвер Нагетс, па не е изненадувачки што во 2018 година потпиша максимален, петгодишен договор вреден 148.000.000 долари. Сепак, го чека уште попрофитабилен.

Како што известува новинарот на „ЕСПН“, Боби Маркс, летото 2022 година, Јокиќ би можел да добие т.н. супермакс, што значи би го потпишал најголемиот договор во историјата на кошарката.

Услов, Јокиќ да го добие најголемиот можен договор е српскиот центар да игра на овогодинешниот Ол-стар натпревар.

Исто така, пред Јокиќ, на крајот на оваа сезона, супермакс договор може да добие и неговиот главен конкурент во борбата за епитетот- најдобар центар на лигата, Џоел  Ембид, член на Филаделфија.

фото-MSN

srbijadanas.com