Поради силен ветер и снег во текот на вчерашниот ден беше завеан патот до викенд населбата на Попова Шапка, поради што отсечени биле семејства кои биле затекнати во своите домови – известија од ЕЛС Тетово.
Дополнителен проблем претставуваше и снемувањето на електрична енергија. Од ЕЛС Тетово започнале со расчистување на патот со употреба на механизација и патот е расчистен и семејствата се безбедно евакуирани. Во вечерните часови состојбата е нормализирана, а исто така е решен и проблемот со електроснабдување.
Од страна на РЦУК Тетово за време на целиот период од настанатата состојба е контактирано со ЕЛС Тетово, ЈП Македонија пат, ПС Попова Шапка, ЕЛЕМ Турс како надлежна за одржување на скијачките терени и стази.
Фото: Facebook / Архива


