Во Турција вакцинирани повеќе од 1,25 милиони луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 10:11 PM

Во Турција вакцинирани повеќе од 1,25 милиони луѓе

Во Турција денеска започна вакцинацијата на лицата постари од 80 години во рамките на програмата за вакцинација против коронавирусот во целата земја, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството за здравство, Турција досега вакцинираше повеќе од 1,25 милиони лица низ земјата, од кои поголемиот дел се здравствени работници што се борат со вирусот во првите борбени линии.

Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Турција денес надмина 2,42 милиона, бројот на оздравени надмина 2,3 милиони, а бројот на смртни случаи е 25.073.