Aпликациите како како што се „Signal“ и „Telegram“ презедоа милиони корисници од „WhatsApp“ поради нејзината одлука за ажурирање на политиката за приватност и условите за користење, јавува Анадолија (АА).
Според веста што ја објави британскиот весник „Гардијан“, врз основа на податоците што ги сподели Комитетот за внатрешни работи на британскиот парламент, апликацијата „Telegram“ добила 25 милиони нови корисници во првите три недели од јануари, додека Signal во истиот период се стекнал со 7,5 милиони корисници ширум светот.
Ним Свини, директорката на јавната политика на „WhatsApp“ за Европа, Блискиот исток и Африка, пред комитетот изјави дека се верува дека „миграцијата“ кон други апликации е поврзана со ажурирањето на условите на услугата на компанијата.
Тврдејќи дека двете работи околу ажурирањето имаат за цел да овозможи нов сет на функции поврзани со деловните пораки, и да „објасни и обезбеди поголема транспарентност“ за веќе постоечките политики на компанијата, Свини истакна „Нема било каква промена во споделувањето на податоци со Фејсбук во било кое место од светот.“
Според податоците објавени од страна на компанијата „App Annie“, која обезбедува услуги за анализа на мобилни апликации на светско ниво, може да се забележи дека новите корисници на Signal и Telegram доаѓаат од WhatsApp. Податоците на компанијата покажуваат дека WhatsApp од 8-тата најсимнувана апликација во Велика Британија, до 12-ти јануари паднала на 23-та позиција по воведувањето на планот за промена на политиката за приватност.
Заедно со ова, апликацијата „Сигнал“, која до 6 јануари не била ниту меѓу првите илјада апликации во Велика Британија, на 9. јануари станала најсимнуваната апликација во земјата.
Амир Годрати, директорот за податоци на пазарот на компнијата „App Annie“, посочувајќи на важноста за брзото движење на пазарот, истакна „Ваквите промени во апликациите за пораки и социјални мрежи не се невообичаени, бидејќи природата и примарната функција на социјалните апликации е комуникација со другите, па затоа тие многу бргу растат и се менуваат во зависност од тековните настани. И онака, во последните неколку години забележавме дека е зголемена побарувачката на апликации за шифрирани пораки и ориентирани кон приватност“.
„Апликациите за пораки кои обезбедуваат услуги за приватност забележаа најголем ангажман во првата половина на 2020 година. Овие апликации, во просек имаат 30% повеќе активни корисници отколку другите алтернативни решенија“, истакна Годрати.
Од друга страна, во извештајот се наведува дека WhatsApp, на некој начин, е повеќе ориентиран кон приватноста отколку неговиот ривал Telegram.
Тој посочи дека WhatsApp применува енкрипција меѓу крајните корисници, што го спречува давателот на услуги да има пристап до корисничките пораки, и се применува во секој разговор, освен во разговорите меѓу корисниците и големите бизниси, додека пак во апликацијата Telegram, за енкрипцијата на разговорите меѓу крајните корисници, потребно е корисникот да ја активира опцијата „тајни разговори“.
Поради зголемената реакција по најавата дека ќе ја промени политиката за приватност и условите за користење, WhatsApp планирото стапување во сила на овие измени најавени за 8 февруари, го одложи за 15 мај и беше принудена да спроведе кампања во која на корисниците им ги објаснува промените, со цел да ја спречи настанатата штета.
Оваа компанија му плати на Google со цел, при пребарувањето, нејзините корисници, како прво да се појави „Политика за приватност на WhatsApp“, во која ја објавија пораката „Сакаме да разјасниме дека ажурирањето на Политиката за приватност и Условите на користење на апликацијата нема на кој било начин да влијаат на приватноста на вашите пораки со пријателите или семејството.“