Кој е прилепскиот џудо тренер пријавен за злоставување на малолетнички? – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 7:37 PM

Кој е прилепскиот џудо тренер пријавен за злоставување на малолетнички?

Трите 14-годишни девојчиња од Прилеп, кои го обвинуваат џудо тенерот за полова злоупотреба, се речиси врснички на една од неговите две ќерки. Р. П. (46) веќе десетина години го има џудо клубот „Бушидо“, чии членови редовно учествуваат на домашните и меѓународни натпревари. Клубот на тенерот,сепак,  не му е единствена преокупација, туку има редовна работа. Прилепчани го знаат како некогашен спортист, кој немал некои позначајни постигнувања, како џудист кој сам се пробивал во светот на спортот.

Во едно од неговите телевизиски интервјуа, тренерот објаснува дека името на клубот што го води со 40-тина млади џудисти, во превод значи кодекс на однесување на натпреварувачи. Гордо кажува дека е ученик на човкот кој го донесе џудото во Прилеп, Ѓорѓи Чатлески. Но, за себе кажува дека е подобар тренер од спортист. Неговиот клуб е основан во 2014 година, а во 2017 година, по втор пат го организира државното првенство во џудо во Прилеп,  со поддршка на Џудо федерацијата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Трите девојчиња, кои го пријавија тренерот, не се познати на прилепската јавност, но веќе се предмет на коментари од тоа дека се одважиле по скандалот со професорот по актерство  Мика Алексиќ во Србија и ширењето на бранот исповести и излегувања во јавноста по цел Балкан. Во одбрана на тренерот има луѓе кои сметаат дека бил наместен поради тоа што бил активист на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Симптоматично е зошто сега, изјави неговиот адвокат, Жарко Стевановски, кој е негов пријател.

Делото наведено во кривичната пријава воопшто не е наивно и носи затворска казна од 10 години. Што се случувало со тренерот и неговите штитенички, ќе покаже истрагата. Тренерот е во 30 дневен притвор додека Јавното обвинителство почнува да работи на уште една од табу темите во спортот.

А зошто и од кога споменатиот џудист е лишен од лиценцата за работа побаравме одговор од Владимир Трпаноски, председател на Џуди федерацијата. Тој за ММС потврди дека споменатиот тренер уште од јули нема лиценца и според ковид протоколите има забрана за тренирање и џудо натпревари.

-Лицето е одамна исклучено од Федерација, на одредени документи имаше правено факсификат во своја корист, прекрши статути  во работењето, нестручна работа, поплаки од комисијата и затоа поведов дисциплинска постапка и од јули му ја земавме лиценцата за работа. Ова сега ме изненадува, се зборува дека ова се случувало во ноември, значи тој си работел на своја рака. Ја известивме Агенција за спорт и млади уште летоска дека му е одземена лиценцата. Тој својата лиценца ја донесе во џудо федерација, ја врати и таа е во канцеларијата во Скопје. Со тоа што ја информиравме Агенцијата тука нашата работа тука завршува. Ние го исклучуваме и од настаните,  иако поради пандемијата годинава немаше некои настани. Ги стопиравме сите тренинзи. По препорака од СЗО и од одговорините институции кај нас не добивме дозвола за работа во сала, бидејќи е спорт со близок контакт. Така да пак ќе потенцирам дека уште од март е забрането тренирање во сала.  Сите клубови престанаа со работа по препорака од собрание на џудо федерација и ниту еден не ги прекрши ниту, пак, за ова време имаме заболени. Е сега како тој успеал да работи, не знам, вели Трпаноски и додава:

-Нашата работа како Џудо федерација има обврска да ја одземе лиценцата за работа, доколку има одредени неправилности и тука завршува нашата обврска, останатото веројатно е работа на инспекцијата. Јас сум нова гарнитура, како претседател сум од 2019 и не го познавам. Ме зачуди дека велат дека е тренер 30 години а не е од таа фела. Тоа е невозможно. Џудотот е убав спорт, за развој на децата. Ги поддржувам  институциите сето ова да го расчистат, на крајот на краишатта сите сме најпрво родители, а и тој е родител. Најваќно во моментов е дека нема лиценца, а и да имал лиценца не смеел да тренира, од март е забрането. Пак ќе кажам, иако му ја одзедовме лиценцата очигледно не запрел.  А ги прекрши ковид протоколите,  пласираше успеси на социјалните мрежи кои не пстојат, злоупотреби документ од Светската џудо федерација. Со спортот  никој не смее така да се однесува, спортот е света работа, објаснува Трпаноски.

Фото: Фејсбук