Нов граничен судир меѓу кинеските и индиските војници – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 7:06 PM

Нов граничен судир меѓу кинеските и индиските војници

Се појавија тврдења дека кинеските и индиските војници повторно се судриле во граничното подрачје, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според вестите објавени во индиските медиуми, војниците пред три дена се судриле на превојот Наку Ла во северниот дел на државата Сиким, сместена на подрачјето меѓу Непал и Бутан, во Индија, и притоа имало повредени и од двете страни.

Кинеските и индиските војници во јуни 2020 година се судрија во долината Галван во северозападниот регион Ладак. Во овој инцидент животот го загубија 20 индиски војници.

Недефинираната гранична линија, со која е опкружен хималајскиот планински венец меѓу двете земји, предизвикува спорови за суверенитетот меѓу Кина и Индија.

По должината на границата од 3.500 километри, што минува низ потоци, езера, глечери и снежни врвови, и двете страни често се судирале едни со други.

Додека администрацијата во Пекинг тврди дека има право на 90.000 квадратни километри земја во индиската држава Аруначал Прадеш, што ја именуваат како „Јужен Тибет“, од друга страна, Њу Делхи тврди дека областа на кинеските висорамнини Аксај, што опфаќа површина од 38.000 квадратни километри, е окупирана од Кина.

Додека и двете страните не можат да ги решат споровите за суверенитет и покрај долгогодишните преговори, тензиите меѓу двете земји се зголемија во 2017 година откако Кина се обиде да го продолжи граничниот пат во регионот до контроверзно плато.