Путин демантира дека е сопственик на луксузната палата на црноморскиот брег – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 6:22 PM

Путин демантира дека е сопственик на луксузната палата на црноморскиот брег

Документарецот на Фондацијата против корупција на Навални во Русија и во светот наиде на голем интерес. За само два дена видеото било видено повеќе од 86 милиони пати, од кои половината прегледи се во Русија. Во двочасовниот филм „Палата за Путин“ кој, како што тврди Навални, најмногу зборува за митото, детаљно е покажан величествениот имот на брегот на Црно Море со површина од 18.000 квадратни метри.Според тврдењата во филмот, палатата ја финансирале руските државни компании „Транснефт“ и „Роснефт“, раководени од блиските пријатели на Путин – Николај Токарев и Игор Сечин.

„Не сум го гледал тој филм, немав време. Ништо од тоа што е во филмот прикажано како мое не ми припаѓа, ни мене ниту на моите блиски“, рече Путин, зборувајќи за новиот филм на Фондацијата  на Навални, објавен на „Јутјуб“, пренесуваат агенциите.

Демантот на рускиот претседател следува два дена по протестите одржани во знак на поддршка на Навални.