Српскиот кошаркар би можел повторно да се најде на филмското платно.
По дебито во Холидув, кошаркарот на Далас Маверикс, Бобан Марјановиќ, повторно би можел да се оствари во улогата на актер. Но наместо акција со Кијану Ривс, сега српскиот репрезентативец свое место би можел да добие во филм посветен на Коби Брајант.
Публиката успеа да го погледне документарниот филм за несреќно загинат легендарен кошаркар, Коби Брајант, во средината на 2020 година и наскоро ќе треба да започне и снимање на филм за неговиот живот. Како што дознава српски „Ало“, а пренесува „Мондо“, Бобан Марјановиќ би требало да добие една од улогите.
Според нив, пред неколку недели стартувал кастингот за главна улога. Марјановиќ во филмот би се глумел самиот себеси.
-Филмот за Коби нема да биде приказна која по секоја цена ќе ги следи случувањата на прерано починатиот кошаркар, туку режисерите ќе романтизираат одредени делови. Секако, најголемиот дел од неговата кошаркарска кариера ќе биде прикажан, меѓутоа тие одлучиле да вметнат голем број кошаркарски асови кои на некој начин биле поврзани со Брајант, открива „Ало“.
Тие додаваат дека режисерите не сакале да ја испуштат понудата да не го повикаат Марјановиќ да учествува во нивниот проект.
Овојј харизматичен кошаркар дебито во филмскиот свет го имаше во третиот дел на акциониот филм „Џон Вик“.
Извор:
mondo.rs.
Фото:
espn.com