Општина Штип ќе троши дополнителни 3.000.000 денари, за да вдоми шест од своите најверни поддржувачи-обвини денеска на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ Штип
„Новиот Градоначалник, сѐ уште не седнал удобно во фотелјата, во период на рецесија, распишал оглас за вкупно шест нови вработувања. Советник за возен парк е едно од местата кое е објавено на оглас. За истото, условите се наместени со математичка прецизност, така што веќе го знаеме и името на оној кој треба да биде вработен. Работното место, пак, Советник за водење на антикорупциска политика и политика за интегритет е измислица на криминалната власт, преку која сака да ги сокрие нерегуларностите и да вдоми партиско војниче,“,обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, барањето на вакви специфични кадри кои се веќе привремено вработени во општината покажува дека овој конкурс е нетранспарентен и дека не секој може да конкурира.
Според градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, распишаниот конкурс за вработување е според систематизацијата направена уште од претходниот градоначалник ,само истата сега се реализира.Според оваа систематизација треба да се вработат нови луѓе.
„ Морам да кажам дека времето на местење, времето на договарање заврши уште во 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ, падна од власт, ја изгуби апсолутната моќ која што буквално ја контролираше нашата држава.Сега сме во време на транспарентност, во време каде што владеат законите и во време кадешто секој конкурс, секој тендер, секоја ситуација е јавно достапна до сите, на увид да се види,“ одговори Николов на обвинувањата на опозицијата, потенцирајќи дека не гледа никакви причини за споменатите обвинувања.
Николов вели дека освен обвинувања, не слушнал никакви пофални зборови како што е на пример решавањето на проблемот на платите за пожарникарите, долгогодишен проблем , што токму таа опозиција го остави во аманет за решавање и менаџирање.