„Далија“ треба да им даде картони на струмичките тутунари за да го однесат во ТК Прилеп во Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 2:39 PM

„Далија“ треба да им даде картони на струмичките тутунари за да го однесат во ТК Прилеп во Радовиш

Тутунскиот комбинат Прилеп утре или задутре треба да го отпочне откупот на договорениот тутун од Далија табак од струмичките тутунари. Вака вели директорот на прилепскиот комбинат Кире Станкоски кој апелираше до тутунарите од овој дел на државата дека амбалажата односно картоните треба да ги добијат од Далија табак бидејки така било договорено на средбата во министерството за земјоделство. Откупот ќе се врши на 5 те ваги во радовишко иако се прават напори да се отвори и пункт во струмичко
,,Правиме напори преку Созузот на тутунските здруженија да отовриме пункт во струмичко бидејки ни е пторебне простор со интернет. Во спротивно ќе се откупува на ваките во радовишко. Очекувам вторник или среда да се почне ,, ни изјави Станкоски
Околу 400 тони тутун треба да откупи прилепскиот тутунски комбинат откако Далија не успеа да ги обезбеди потребните средства за да го отпочне. Во струмичкиот регион околу 100 тина тутунари од повеќе населени места извисија и протестираа минатата недела.
Во струмичко паралелно и тече пријавувањето вишо на тутун досега се пријавени над 350 тони тутун од околу 300 производители кои минатата сезона произвеле повеќе од договореното а вишокот треба дасе откупува после 15 февруари.

Ване Трајков