Се пријавуваат штетите од пожарот во Глобал, Владата треба да одлучи дали и колку ќе помогне – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 2:34 PM

Се пријавуваат штетите од пожарот во Глобал, Владата треба да одлучи дали и колку ќе помогне

Десетина трговски дуќани и сопственици на тезги и деловни простории пријавиле штети од пожарот во ГТЦ Глобал кој избувна на 2 јануари до општинската комисијата. Вака тврди претседателот на комисијата Ацо Ѓеоргиев кој вели дека согласно единствената методологија при вакви случаи фирмите сами составуваат комисии и вршат проценка на штетите врз основа на книговодствената вреднос. Тие како комисија помагаат во врска со методологијата и откако ќе направат проценка сите правни субјекти тие ќе изготват и достават до Советот на општина Струмица збирен извештај во врска со штетите од пожарот.
,, Збирниот извештај со штетите од пожарот на правните субјекти ќе го доставиме до Советот. Ако се усови тој ќе биде предемт на ревизија републичката комисија за проценка на штети но и на бирото за судски вештачење ,, кажа Ацо Ѓеоргиев
Георгиев неможеше да прецизира дали опожарените во Глобал ќе добијат обештетување. Според него тоа ќе биде помош но само доколку одлучи Владата која пред десетина дена повика на хуманост до сите јавни институциии и приватени фирми
,, Владата е таа кој треба да одлучи дали и за колку проценти од пријавената штета ќе им додели помош,, вели Ѓеоргиев
Инаку сеуште нема одговор од обвинтиелството кои се причините за пожарот во Глобал кој уништи повеќе трговски дуќани, деловни простории и тезги во трговскиот центар кој и понатаму се чисти.

Ване Трајков