Пуштена е во употреба новата спортска сала во основното училиште „Вера Јоциќ”, во населба Хиподром, Општина Гази Баба.
„Повеќе од 10 години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост”, информираше премиерот Заев.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека новата сала има целосна спортска опрема, реквизити, соблекувални со санитарни јазли и туш кабини.
Претходно старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ” беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици, со 12 училници, шест кабинети, простор за наставниците и со библиотека.