Сообраќајна незгода се случи утрово на бул. Александар Македонски во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираат дека се работи за незгода во средната сообраќајна лента во насока на движење кон клучката Континентал, во близина на паркот во Автокоманда.
Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.


