Денес сончево време и температури до 11 степени, од утре ќе биде постудено – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/21 7:45 AM

Денес сончево време и температури до 11 степени, од утре ќе биде постудено

Денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец – соопштија од УХМР.  Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 11 степени.

Утре ќе преовладува облачно време со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Локални врнежи од повремен слаб снег ќе има и во среда. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.